Земи си го велосипедот со себе во автобусот на FlixBus

Превези го својот велосипед од А до Б со FlixBus

Копнееш по велосипедска авантура? Ние го имаме решението! Земи го велосипедот и тргај со нас.

Дали можеш да го носиш велосипедот со себе на секој FlixBus?

Повеќето автобуси FlixBus дозволуваат велосипеди, со носачи или специјални прекривки, за да биде вашиот велосипед безбеден при патувањето. Достапноста варира според рута и земја, а некои земји не дозволуваат велосипеди на автобуси. Пред да додадете велосипед на вашата резервација, погледнете ги правилата и упатствата долу.

Кога резервирате патување, додајте го вашиот велосипед за да ги видите достапните патувања со носачи или прекривки за велосипеди. Ако патувањето не може да се резервира, значи дека автобусот не може да пренесува велосипеди или дека нема веќе место.

Ако имате велосипед на склопување, можете да го понесете на автобуси што не се опремени за обични велосипеди. Додајте го како „специјален багаж“ во делот „додатоци“ при плаќање. Ако опцијава не е достапна, значи дека автобусот не може да пренесува велосипеди или дека нема веќе место. 

Превоз на велосипеди на носач на велосипеди

  • Макс. 5 велосипеди по автобус
  • Макс. тежина: 20 kg
  • Без е-велосипеди, тандеми, трицикли или велосипеди на склопување
  • Нема потреба да го расклопувате велосипедот

Превоз на велосипеди во прекривка за велосипеди

  • Макс. 3 велосипеди по автобус
  • Макс. тежина: 20 kg
  • Без е-велосипеди, тандеми или трицикли
  • Обезбедуваме специјални прекривки за безбеден превоз во преградата за багаж
  • Нема потреба да го расклопувате велосипедот

Како да резервирате место за вашиот велосипед?

  • Додаjте велосипеди при изборот на патници за време на постапката на резервација
  • Резервирајте го патувањето за вас и вашиот велосипед
  • Донесете го вашиот велосипед до автобусот и монтирајте го на носачот или покријте го и натоварете го во преградата

Колку чини?

  • Проверете ги цените за превоз на велосипеди овде
  • Цени за едно патување

Превоз на велосипеди на склопување во преградата за багаж

  • Дозволени се само велосипеди на склопување
  • Макс. димензии: 240 cm (Д+Ш+В) 
  • Макс. тежина: 30 kg
  • Без е-велосипеди, тандеми или трицикли
  • Се транспортира како „специјален багаж“ во преградата за багаж 
  • Еден специјален багаж по лице 
  • Мора да биде во торба за велосипед обезбедена од вас 
  • Можеби ќе биде потребно демонтирање за да се исполнат барањата за големина 

Како да резервирате велосипед на склопување како специјален багаж?

Додајте го вашиот велосипед на склопување како „специјален багаж“ во делот „додатоци“ при наплатата.

Како да резервирате специјален багаж?

  • Онлајн за време на постапката на резервација во делот „додатоци“ при наплата
  • Во нашите FlixShop или кај нашите овластени препродавачи на билети
  • Онлајн откако ќе го завршите купувањето на билет преку Управување со резервацијата

Колку чини?

  • Проверете ги цените за „специјален багаж“ овде
  • Цени за едно патување

Може ли мојот велосипед да патува без мене?

Од безбедносни причини, велосипедите можат да патуваат само со својот сопственик.