Берлин - Париз
од 2.379ден
Не сакаш да го изгубиш денот во патување? Сакаш да патуваш низ Европа побрзо од кога било претходно? Сакаш да избираш помеѓу стотици автобуски линии?
Нашите ноќни автобуси сообраќаат до голем број европски градови секоја ноќ. Можеш да го купиш својот билет директно од возачот, така што воопшто нема потреба да резервираш однапред! Со уште помал број постојки отколку кога патуваш преку ден, времето што ќе го поминеш во патување ќе биде значително пократко.
Цените на нашите билети се неверојатни, но запомни: колку порано резервираш, толку поевтин ќе биде билетот. Кога патуваш со нашите ноќни автобуси, можеш да ги искористиш услугите што ги нудиме. Големиот простор за нозете и приспособливите седишта ти овозможуваат да се опуштиш и да спиеш во текот на целото патување. Во автобусот можеш да си купиш грицки и нешто за пиење, а освен тоа, се разбира, има и тоалет, што значи дека нема потреба да се прават кратки паузи и нашите возачи може да те однесат од точка А до точка Б во текот на ноќта, што е можно побрзо. Во ноќните автобуси има приклучоци за струја и Wi-Fi конекција, така што можеш удобно да си се наместиш и да гледаш филм во текот на целото патување.
Дали би сакал/а да патуваш со нашиот ноќен автобус од Прага до Хамбург или од Ротердам до Париз? Или можеби од Хаг до Париз, со другата ноќна линија. Со оглед на брзиот развој на нашата мрежа на ноќни линии, наскоро ќе можеш да стигнеш до секој поголем град во Европа патувајќи ноќе. Лесно можеш да резервираш билет онлајн, преку нашата апликација, во некоја од нашите продавници или директно од возачот на автобусот. Потоа можеш убаво да се наспиеш и да стигнеш на твојата дестинација подготвен/а за шетање!
Нашите ноќни линии се изненадувачки ефикасни: ниту едно друго превозно средство не е толку енергетски ефикасно и не создава толку малку стакленички гасови по лице како нашите автобуси, за разлика од авионите, возовите и автомобилите. Тоа значи дека можеш да ја истражуваш Европа патувајќи со некој од нашите еколошки прифатливи, брзи и удобни ноќни автобуси.
...и тоа се само некои од нив! Доколку сакаш да шеташ низ Европа, но не сакаш да патуваш додека надвор е сѐ уште ден, тогаш качи се во некој од нашите ноќни автобуси. Нашата мрежа на ноќни автобуски линии постојано расте, па затоа редовно проверувајте ја оваа страница - дури и ако моментално нема ноќна линија до твојата омилена дестинација, наскоро ќе има! Стисни „Ми се допаѓа“ на нашата Facebook страница и регистрирај се за нашиот билтен за секогаш прв/а да дознаваш за нашите нови линии!