I. Општи услови и одредби за деловно работење и превоз
Од: 29/08/2024
1 Опсег на примена
1.1 Општите услови за деловно работење и посебните услови за резервација се однесуваат на употребата на веб-порталите на FlixBus (што ја вклучува и мобилната апликација дизајнирана да им овозможи на потрошувачите да посетуваат такви веб-портали) и резервациите за патувања преку FlixBus.
1.2 Имајте предвид дека овие општи услови за деловно работење и посебни услови за резервација не се однесуваат на следните работи, кои се опфатени со одделни услови:
a) На своите веб-портали FlixBus, исто така, дозволува наведување и резервирање на услуги за копнен превоз на трети страни кои ги нудат трети превозници овластени од FlixBus да објавуваат и прикажуваат одредени патувања на веб-порталите за кои FlixBus не е договорен партнер во врска со резервација на билети („Понуди на превозници со бела етикета“). Тие понуди не претставуваат резервација на патувања преку FlixBus бидејќи во однос на тие понуди FlixBus само овозможува Понуди на превозници со бела етикета преку веб страница на адресата booking.flixbus.com или во форма на мобилна апликација дизајнирана да им овозможи на потрошувачите да ја посетат веб страницата (заедно „Платформа со бела етикета“). Применливоста на Понудата од превозник со бела етикета ќе биде означена во текот на процесот за резервација така што ќе бидете пренасочени од веб порталите на FlixBus до Платформата со бела етикета. Пристапот на потрошувачите до Платформата со бела етикета и условите за користење на услугите што ги нуди FlixBus и неговите партнери во врска со резервирањето Понуди на превозници со бела етикета на Платформата со бела етикета е уреден со одделни Услови на Платформата со бела етикета.
б) Условите поврзани со превозот на патници се уредени со одделни услови што зависат од дадениот договорен превозник. Дадениот договорен превозник („превозник“) и односните услови за превоз („услови на превозникот“) ќе бидат назначени во текот на процесот на пребарување и резервација.
2 Договорна страна
Договорна страна за резервации за патувања (продавач на билети) и за користење на онлајн порталите е Flix SE, Friedenheimer Brücke 16, 80639 Минхен, во понатамошниот текст именувана како Flix.
3 Користење на веб-порталот за комерцијални цели
3.1 Страниците за споредба на цените може да се вметнат во писмен договор со Flix во кој Flix ги одобрува приемот, обработката и објавувањето на цените, како и возните редови на Flix.
3.2 Забрането е користење на веб-порталите на Flix за комерцијални цели или за цели кои не се лични. Се забранува користење автоматизирани системи за извлекување податоци од оваа веб-страница за комерцијална употреба („screen scraping“). Flix го задржува правото да презема дејства против какви било повреди на одредбите.
4 Плаќање и ваучери
4.1 Разни начини на плаќање може да се користат за купување на билетите, во зависност од начинот на резервирање:
- Онлајн: PayPal, директно задолжување, кредитна картичка (Mastercard/Visa/Amex), SofortÜberweisung, iDeal, Postfinance, Carte Bleue, Dotpay, Google Pay, Apple Pay. Во однос на која било резервација, FlixBus го задржува правото да исклучи одредени начини на плаќање и да побара од корисникот да користи друг начин на плаќање.
- Во самото возило: Готовина.
- Продажни места/туристички агенции: Сите наши агенции нудат најразлични начини на плаќање, но во секој случај може да се плати со готовина. Ако местото на продажбата е во превозното возило, методите на плаќање може да бидат ограничени само на плаќање со готовина или кредитна картичка.
4.2 Посебни услови за плаќање со кредитна картичка:
4.2.1 Во случај на купување со кредитна картичка, задолжувањето на сметката на корисникот се врши откако ќе биде завршена резервацијата. При плаќањето со кредитна картичка, корисникот им дава инструкции на своите кредитни институции кога се прави резервацијата да го информираат Flix, или некое од третите лица овластени од него, за имињата и целосните адреси на корисниците во случај да треба да се изврши враќање на средства, со цел да му се овозможи на Flix да ги изрази своите побарувања.
4.2.2 Патниците се должни да ги платат банкарските трошоци за враќање на средства во случај кога плаќањето било извршено со кредитна картичка. Исто така, може да се јават трошоци при откажување или дополнителни трошоци при промена на резервацијата. На патниците ќе им биде дадена можност да докажат дека трошоците за враќањето на средствата биле помали или воопшто немало трошоци. Во случај на враќање на средства, на корисниците може да им биде привремено или трајно забрането да вршат плаќања со кредитна картичка.
4.3 Во случај на безуспешни преговори од страна на Flix за наплата на побарувања, побарувањата ќе бидат пренесени на надворешен давател на услуги за понатамошна обработка. За таа цел, Flix може да ги проследи сите барани лични податоци на должниците до тој надворешен давател на услуги.
4.4 Пребивање; право на задржување
4.4.1 Корисниците имаат право да извршат пребивање само во случај кога нивните противпобарувања се законски утврдени или неоспорени. Освен тоа, тие имаат право на задржување само и доколку нивните противпобарувања се засноваат на истиот договорен однос.
4.4.2 Доколку корисниците заостануваат со плаќањето на која било обврска, сите постојни побарувања од истиот договорен однос доспеваат веднаш.
4.5 Надоместок за плаќање
4.5.1 Вкупната цена на билетот дадена во онлајн продавницата ги вклучува сите надоместоци што ги наплаќаат трети лица како даватели на услуги за начинот на плаќање што сте го избрале и кои сами треба да ги покриете, како и законски пресметаниот данок на додадена вредност.
4.5.2 За клиентите кои избрале метод на плаќање кој подлежи на провизии, се применува провизија за плаќање, плус данок на промет (ДДВ), кој е еднаква на процент од вкупната вредност на кошничката. Во секоја земја постои барем еден бесплатен и вообичаен метод на плаќање.
4.6 Искористување ваучери:
4.6.1 Може да се искористи најмногу 1 ваучер по резервација. Ваучерите може да се искористат само онлајн или преку нашите партнерски агенции.
Ваучерите кои имаат парична вредност, таканаречени вредносни ваучери, може да се искористат за плаќање на целиот износ од количката.
Ваучерите со попуст со процентуална вредност или ваучерите за бесплатно возење може да се искористат само за цената на билетот. Попуст за дополнителните услуги (на пр. надоместоци за услуги, доплата за велосипед или за багаж) не може да се добие со горенаведените видови ваучери.
4.6.2 Кампањите за ваучери што ги спроведува Flix во рамки на своите маркетинг активности и користењето на ваучерите се ограничени на 3 ваучери по лице. Доколку едно лице искористи повеќе од 3 ваучери во рамки на една иста кампања, Flix може да ги откаже сите резервации по вадењето на првите 3 билети. Ова правило може да не се применува при некои специјални промоции.
4.6.3 Ваучерите што се издаваат бесплатно во склоп на некои маркетинг активности, или како чин на добра волја, престануваат да важат во моментот кога ќе се направи првата резервација.
4.6.4 Забранета е употреба на ваучерите за комерцијални цели, особено препродажба на ваучерите, и секоја таква постапка ќе биде санкционирана од Flix на тој начин што ќе бидат блокирани билетите и/или ќе се направи побарување за оштета.
4.6.5 Износот на купонот не може да се замени со готовина.
4.6.6 Во случај на измама, обид за мамење или постоење на сомневање за други незаконски дејства поврзани со купувањето, искористувањето или пренесувањето на поклон-ваучер, Flix го задржува правото да ја затвори сметката на корисникот и/или да бара алтернативен начин за плаќање и/или да го суспендира ваучерот. Flix нема да ги прифати барањата за одобрување или искористување на тој ваучер.
4.6.7 Во случај на измама, обид за мамење или постоење на сомневање за други незаконски дејства поврзани со купувањето, искористувањето или пренесувањето на поклон-ваучер, Flix го задржува правото да ги поништи сите билети кои целосно или делумно биле купени со искористување на тој ваучер.
4.7 Искористување на кодовите на ваучерот на Interflix
4.7.1 Може да се искористи најмногу еден код на ваучер по резервација. Кодовите на ваучерот се активираат автоматски во рок од 48 часа и може да се искористат само онлајн или во нашите партнерски агенции.
4.7.2 Кодовите на ваучерот може да се искористат во рок од 3 месеци.
4.7.3 Може да се резервира само директно патување, освен доколку не станува збор за патување кон одредена дестинација или враќање од одредена дестинација. Точката на поаѓање не мора да биде и крајна точка.
4.7.4 Ваучерите се персонализирани и не може да се пренесуваат на друго лице.
4.7.5 Резервациите може да се променат само преку службата за грижа за корисници. Откажувањето е исклучено.
4.7.6 Забранета е употреба на ваучерите за комерцијални цели, особено препродажба на ваучерите, и секоја таква постапка ќе биде санкционирана од Flix на тој начин што ќе бидат блокирани билетите и/или ќе се направи побарување за оштета.
4.7.7 Износот на купонот не може да се исплати во паричен износ.
4.7.8 Секое патување за кое се користи ваучер е посебно и одделно од останатите патувања.
4.7.9 Патникот има право да се повлече од договорот за купување во рок од 14 дена. Известувањето за повлекување мора да се даде во текстуална форма.
4.8 Кампањи за попуст
4.8.1 Кампањите за попуст ги спроведува Flix SE во рамките на маркетинг-активностите, а купувањето билети со попуст е ограничено на 3 билети по лице. Доколку лицето купи повеќе од 3 билети од истата кампања за попуст, Flix SE може да ги откаже сите резервации после првите 3 билети. Овa правило може да биде неважечко за време на специјални промоции.
4.8.2 Комерцијалната употреба, а особено препродажбата на билети не е дозволена и ќе биде санкционирана од Flix SE со блокирање на билетите и/или спроведување на побарувања за обесштетување.
4.8.3 Во случај на измама, обид за измама или сомневање за нелегални активности поврзани со купувањето, Flix SE го задржува правото да ја затвори соодветната сметка на клиентот и/или да бара алтернативен метод на плаќање и/или да ги суспендира билетите. Flix SE нема да ги почитува побарувањата за одобрување или откупување на засегнатите билети.
4.8.4 Во случај на измама, обид за измама или сомневање за нелегални активности поврзани со купувањето, откупувањето или преносот на билети, Flix SE го задржува правото да ги откаже билетите кои се купени целосно или делумно преку откупувањето на билетот.
4.8.5 Билетите купени при понуда, кои подлежат на промени по завршувањето на понудата, мора да бидат купени по полна цена која важи на денот на возењето/билетот.
5 Откажување или промена на патување
5.1 За да промените патување, треба прво да го откажете патувањето. Откажувањето можете да го направите пред да започне патувањето согласно точките 5.2 до 5.5, или откако нема да го искористите билетот согласно точката 5.6. Не може да извршите промена или откажување на резервацијата кај возачот.
5.2 Откажување на резервацијата може да се изврши само на веб-страниците на FlixBus или кај партнерските агенции и продажни места на Flix компаниите, најмалку 15 минути пред предвиденото време на поаѓање. Повратниот билет се смета за една резервација.
5.3 Во случај на откажување со нова резервација, се издава таканаречен сторно-ваучер. Овој сторно-ваучер е со важност од 12 месеци од денот на издавањето и со него патникот има право во тој временски период да направи нова резервација во висина на вредноста на ваучерот. Доколку цената на новата резервација е повисока од цената на откажаното патување (вредноста на ваучерот), треба да ја доплатите разликата. Доколку цената е пониска, разликата останува на сторно-ваучерот и може да се користи за друга резервација. Овие правила може да се променат во случај на промотивни понуди кои важат само ограничен временски период. Подетални информации може да се најдат во посебните услови и одредби за промотивната понуда кои може да се најдат на веб-порталот.
5.4 За секое откажување со нова резервација, се наплаќа надомест за сторнирање за патување и за секој патник. Сторно-ваучерот ќе биде издаден согласно цената на билетот, без трошоците за процесот на откажување. Во случаи кога има промена на името на патникот, мора да се доплати разликата во цената доколку таа се зголемила во меѓувреме. Промената на телефонскиот број се врши бесплатно.
5.5 Ако за резервацијата се употреби ваучер за откажување, истите услови за откажување важат и за новото патување.
5.6 Ако билет за кој FlixCompanies се превозници не се користи за патувањето, цената за билетот ќе се врати доколку се покаже билетот, минус давачка за процесирање по патување и по патник, освен ако патникот не докаже дека е предизвикана штета или штети за помал износ. Товарот на докажувањето за неискористен билет паѓа на патникот. Билет се креира за секое лице и за секое патување. Конекциите со трансфери (интерконекции) се сметаат за едно патување. Барањето може да се направи неформално во рок од 3 месеци. Тоа треба да се испрати до Flix или FlixBus DACH, поштенска адреса Flix SE, Friedenheimer Brücke 16, 80639 Munich или FlixBus DACH GmbH, Warschauer Platz 11-13, 10245 Berlin. Давачката за процесирање ќе биде намалена на износ од 2 € (или истиот износ во соодветна валута) по патник и по патување, плус кои било провизии за банкарски трансфер, доколку превозникот е Flix SE или FlixBus DACH GmbH и доколку барањето се направи веднаш, најдоцна во рок од една недела откако ќе истече билетот. Според тоа, износот на давачката за процесирање се базира на доцнењето по заминувањето кога се поднесува барањето за поврат. Точката 5.6 не важи за билети издадени од FlixTrain GmbH.
5.7 Сите горенаведени надоместоци за обработка и потенцијални банкарски провизии не се наплатуваат доколку бараната рефундација се должи на околности за кои се одговорни Flix SE и FlixCompanies. Ваучерот за билетот, намален за надоместоците за обработка и за потенцијалните банкарски провизии, се уплаќа исклучиво на банкарската сметка наведена од корисникот при правењето на резервацијата, или доколку плаќањето било извршено со кредитна картичка, се уплаќа на сметката на таа кредитна картичка.
5.8 Не важат политиките за откажување со отстапка од условите на кој било превозник.
5.9 Патниците кои планираат да влезат во Шенген зоната и немаат (i) државјанство на ЕУ или (ii) подлежат на едно од исклучоците, потребно е да ги имаат сите потребни документи за влез. Flix го задржува правото и има право да ги откаже билетите во случаи на неусогласеност без никаквo рефундирање, особено ако влезот е одбиен од релевантните власти/систем на ЕУ, дури и ако потврдата за резервација е веќе издадена.
6 Надоместокот за услуга
[Неприменливо]
7 Место на судска надлежност
Место на судска надлежност за обични трговци, правни и физички лица, за кои не важи општата судска надлежност во Германија - како и за лицата кои по склучување на договорот за превоз го промениле своето место на живеење или вообичаено живеалиште кое сега се наоѓа во странство, и чие место на живеење или вообичаено живеалиште не е познато - е Минхен.
8 Неприменливи одредби
Ако поединечни одредби од овие Општи деловни услови и Посебни услови за резервација станат целосно или делумно неважечки или ништовни, тоа, во принцип, нема да ја наруши ефективноста на договорот во целина.
II Разлики во државните закони
1. Шведска
- кон 4.1: Во Шведска, во самото возило, може да се плати само со картичка (MasterCard, Visa, American Express, Maestro, Visa Electron, V Pay, JCB, Diners Club, China Union Pay). Освен тоа, во Шведска билетот може да се купи од возачот на автобусот преку мобилниот телефон, со помош на NFC технологијата. (на пример, Swish, Mobile Pay, Apple Pay, Android Pay).
2. Полска
- кон 4.1: Во возилата се прифаќаат само картичките (Visa, V Pay, MasterCard, Maestro JCB, PolCard, PolCard BIS, Diners Club, American Express) и системот за врски BLIK управуван од FlixBus Polska sp. z o.o.
- кон 4.1: Продажбата во превозното средство не може да се обезбеди за некои линии во Полска.
- кон 4.4.1, 4.4.2, 5.6: Клаузулите не важат за автобуските линии кои ги реализира FlixBus Polska sp. z o.o.
- кон 5.1: Патувањето не може да се откаже ако билетот не е искористен и ако добиете последователен надоместок за линиите кои ги реализира FlixBus Polska sp. z o.o. или кој било превозник со регистрирано седиште во Полска.
- кон 5.4: Нема важечка такса за откажување за линиите кои ги реализира FlixBus Polska sp. z o.o. или кој било превозник со регистрирано седиште во Полска.
- кон 6: За плаќања во полски злоти, надоместокот за услуга изнесува 2,99 PLN.
3. Република Чешка
- кон 4.1: Продажбата во превозното средство не може да се обезбеди за некои линии во Чешка.
- кон 5.4: Надоместокот за откажување не важи за патните трошоци наплатени во чешки круни.
- кон 7: Секоја потенцијална судска постапка меѓу FlixBus CZ s.r.o. и патник ќе се поведе пред суд во Република Чешка.
4. Обединето Кралство
- кон 5.6: Рефундирање на билетот по истекот на рокот на важење на билетот не важи за линиите кои ги реализира FlixBus UK Limited или кој било превозник со регистрирано седиште во Обединетото кралство.
5. Франција
- кон 4.1: Продажбата во превозното средство не може да се обезбеди за некои линии во Франција.
- кон 5.6: Рефундирање на билетот по истекот на рокот на важење на билетот не важи за линиите во Франција кои ги реализира FlixBus France SARL или кој било превозник со регистрирано седиште во Франција.
6. Португалија
- кон 5.6: Рефундирање на билетот по истекот на рокот на важење на билетот не важи за линиите во Португалија кои ги реализира FlixBus Portugal Unipessoal LDA или кој било превозник со регистрирано седиште во Португалија.
7. Украина
- кон 4.5.1: Вкупната цена на билетот наведена во онлајн продавницата ги вклучува сите надоместоци за плаќање што ги наплаќаат трети лица (од страната на FlixBus) за начинот на плаќање што сте го избрале и што треба да ги платите вие, како и законскиот данок на промет.
Без оглед на она што е поинаку наведено овде, вкупната цена наведена во онлајн продавницата што треба да ја плати клиентот може да не вклучува провизии од банката и/или финансиската институција на клиентот, што може дополнително да се наплатат според релевантните политики или закони поврзани со таа банка/финансиска институција без знаење и вклученост на FlixBus, предизвикани од, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на, двојна конверзија применета од релевантната банка/финансиска институција на клиентот. Така, Договорните страни се согласуваат и потврдуваат дека вкупната цена што треба да ја плати клиентот може дополнително да се наплаќа, а FlixBus не е поврзан и нема да биде одговорен за такви дополнителни трошоци.
8. Данска
- кон 4.1: Во Данска нема продажба во превозното средство.
9. Белгија
- кон 4.1: Продажбата во превозното средство не може да се обезбеди за некои линии во Белгија.
10. Холандија
- кон 4.1: Продажбата во превозното средство не може да се обезбеди за некои линии во Холандија.
11. Луксембург
- кон 4.1: Продажбата во превозното средство не може да се обезбеди за некои линии во Луксембург.
12. Унгарија
- кон 4.1: Продажбата во превозното средство не може да се обезбеди за некои линии во Унгарија.