I. За Flix компаниите: Општи услови за превоз
Од: 29/08/2024
1 Примена на овие услови
Условите за превоз важат за превозот на патници во рамки на мрежата на автобуски линии на FlixBus. Возилата за превоз служат за превезување на патници.
1.1 Ако превозот го врши партнерска компанија, тогаш важат општите деловни и специјални услови за превоз на таа компанија. Истите можете да ги проверите на соодветната веб-страница на партнерот. Имајте на ум дека се можеби достапни само на англиски јазик. Партнерските компании не вршат никаков превоз на патници под брендот FlixBus, со исклучок на линијата 96 Виена - Грац и на линијата X96 аеродром Виена - Грац, каде превозот го врши Dr. Richard Linien & Co KG.
2 Право на превоз
2.1 Правото на превоз постои само кога е склучен договор за превоз.
2.2 Потврдата за резервација (видете точка 3.1) му дава право на патникот да патува од почетната до целната дестинација како што е наведено на билетот. Од правни причини не е дозволено влегување подоцна од тргнувањето на автобусот, или симнување порано од пристигнувањето.
2.3 Кога се прави резервација директно во автобусот, постои обврска за превоз само доколку има доволно слободни места за седење за траењето на целата линија.
2.4 Во случај на постојки на кои се запира по барање, обврска за обезбедување на услугата постои само доколку патувањето било резервирано од или до таа постојка, во рамки на соодветниот рок за резервирање однапред. Постојките на кои се запира по барање се означени како такви во соодветните возни редови. Соодветните рокови за резервација однапред се дадени во соодветните возни редови.
3 Билети, цена на превоз
3.1 Пропишаните трошоци за превоз мора да се платат за возврат за превоз. За таа цел билети издава Flix. Потврдата за резервација, отпечатена или прикажана во електронска форма (PDF-датотека) и валидна официјална идентификација со фотографија ќе се смета дека претставуваат билет. Доколку е направена резервација во возилата, рачно напишаната или испечатена сметка ќе се смета како доказ за купување и потврда за резервација. Билет се креира за секое лице и за секое патување. Линиите со префрлање се сметаат за едно патување. Сите лични податоци што се бараат со важечките закони мора да бидат обезбедени за време на процесот на резервација. Името на патникот се совпаѓа со листата за резервации што се прикажува на мобилниот телефон на возачот или персоналот на автобуската станица врз основа на моменталната ситуација на резервација за да се утврди дали има барање за превоз. Ова се прави по можност со скенирање на билетите.
3.2 Патникот треба да направи резервација пред тргнување. Влегувањето во возилото е дозволено само со важечка потврда за резервација.
3.2.1 Можете да резервирате патувања преку Интернет-порталот и преку апликацијата за паметен телефон на Flix, во патничка агенција, директно во автобусот (според нормална цена) и на некоја од автобуските станици каде што има персонал. Резервирањето на место директно во автобусот е возможно само ако има доволно слободни места за седење за време на целото патување. Затоа, се препорачува предвремено купување на билетот (преку интернет, апликацијата или во агенција).
3.2.2 Потврдата за резервација (детални податоци за нарачката) се зачувува, може да се отвори преку почетната страница на порталот, а доколку е потребно, исто така, може да му биде испратена на патникот по е-пошта.
3.2.3 Секој патник со важечки билет има право на седиште. Лицата што патуваат со деца и лица со ограничена подвижност имаат предност при избирањето седиште.
3.3 Купување билети онлајн:
3.3.1 Претставувањето на производите во онлајн продавницата, којашто е достапна преку интернет и преку апликацијата за паметни телефони, не претставува правно обврзувачка понуда, туку необврзувачки онлајн каталог кој ги поттикнува потенцијалните патници да испратат понуди. Со кликање на копчето „Резервирај“ / „Плати“ се прави обврзувачка нарачка на производите што се наоѓаат во кошницата. Еден билет се издава на едно лице за едно патување. Релациите со преседнување се сметаат за едно патување. Потврда за прием на нарачката се издава со автоматска потврда по е-пошта непосредно по нејзиното испраќање. Договорот за превоз нема да се смета за склучен сѐ додека Flix не ја прифати нарачката со издавање на потврда за прифаќање. Оваа потврда за прифаќање може да се издаде во вид на автоматска потврда што се испраќа по е-пошта или посебно во некоја подоцнежна фаза.
3.3.2 Сегашната технологија не може да гарантира дека преносот на податоци преку интернет би се вршел без грешка и/или дека тие би биле постојано достапни. Невозможно е да се развијат и користат компјутерски програми (софтвер) и системи за обработка на податоци (хардвер) на потполно беспрекорен начин и да се исклучат сите непредвидливи фактори што може да се јават во рамки на медиумот наречен „интернет“. Поради тоа, Flix не дава никаква гаранција за постојана, непрекината достапност на својата веб-страница и на техничките системи. Поточно, техничките карактеристики на интернетот не може да гарантираат постојана достапност на можностите за онлајн резервација. Не постои право на каква било заштеда или цена со попуст, доколку поради технички проблеми, системот стане повторно достапен подоцна (пр. период на предвремена продажба).
3.3.3 Треба да се напомни дека статутарните одредби во однос на правата на откажување, во случај на договори на далечина, нема да се применуваат кај договорите за превоз склучени онлајн преку продажба на далечина, како и во случај кога превозникот, по склучување на договорот, ја презема обврската да ги обезбеди услугите во утврдено време или во рамки на одреден временски период - спротивно на работењето со онлајн. Меѓутоа, горенаведеното не важи за нашите услови и одредби што се однесуваат на откажувањето.
3.4 Продажни места каде работат вработените:
Продажните агенции, билетарите и секторот за услуги за клиенти на FlixCompanies можат да наплатат провизија за услуга за да извршат или поништат резервација. Агенцискиот надоместок за продавницата зависи од локацијата на продавницата.
3.5 Цени за превоз:
3.5.1 Не постои право на резервација на сите ценовни категории или ценовни квоти во однос на кој било начин на резервирање. Особено заштедите и промотивните цени се само делумно достапни онлајн.
3.5.2 Наплатата опфаќа само транспорт на лица, додека другите услуги како резервација на место за седење и транспорт на велосипеди или дополнителен или друг багаж се наплаќа одделно.
3.5.3 За намалени цени на билетите важат посебни предуслови за резервирање. Одлучувачки фактор за тоа е објавувањето на условите за купување билет за индивидуалните линии.
4 Неважечки билети
Патникот е должен да го приложи билетот, како и важечки документ за идентификација со слика, кога тоа ќе го побараат вработени од Flix компаниите при ненајавени контроли за проверка на важноста на билетите.
5 Зголемени цени за превоз
5.1 Патниците се должни да платат зголемена цена за превоз доколку се утврди дека патуваат со возилото, а не резервирале седиште за тоа патување, ниту однапред, ниту при качување во возилото.
5.2 Патниците за кои при проверка ќе се утврди дека немаат важечка резервација се должни да дадат точни лични податоци и да се идентификуваат доколку тоа биде побарано од нив.
5.3 Зголемените цени за превоз се двојно повисоки од вообичаените цени за растојанието што го поминале патниците, но не помалку од €60, плус цената за преостанатото растојание до дестинацијата до каде што патуваат патниците. Ако патниците не се во можност да го потврдат поминатото растојание, за пресметка на зголемената цена за превоз се користи почетната точка на линијата.
5.4 Зголемената цена за превоз мора да се плати веднаш, или во некои други случаи најдоцна 2 недели од приемот на барањето за плаќање во писмена форма. По истекување на овој рок, се наплаќа надоместок за обработка од €5 за секое барање за плаќање, под услов патникот да не може да докаже дека трошоците за обработка биле пониски или воопшто ги немало. Flix компаниите го задржуваат правото да преземат понатамошни мерки преку парнични и/или кривични постапки.
6 Возен ред
6.1 Се задржуваат правата да се прават измени во одобрените и објавените возни редови, датуми, линии и билети од оправдани причини, особено заради спроведување на решенијата на органите кои издаваат дозволи.
6.2 Доколку линиите објавени во возниот ред ја имаат ознаката „подлежи на официјално одобрение“, тоа значи дека постапката за издавање дозвола за внесување на тие релации во објавениот возен ред сѐ уште не се завршени за тие релации (релација, постојка, датум на патување, цена на билет, итн.).
6.3 Измените во возниот ред кои настанале по склучувањето на договорот и за кои превозникот не е одговорен (на пр. долгорочни последици од природни катастрофи или постојани градилишта) не им даваат право на патниците да прават барања за оштета доколку тие измени само незначително отстапуваат од првично договореното време на поаѓање и пристигнување, т.е. најмногу до 2 часа. Доколку има значителни измени во распоредот, патниците имаат право да се повлечат од договорот без да плаќаат какви било пенали. За да го направат тоа, патниците треба да се јават на дежурната телефонска линија
- Повици од Германија и Швајцарија (германска фиксна линија): +49 30 300 137 300
- Повици од Австрија (австриска фиксна линија): +43 820 910 340
- Повици од Италија (италијанска фиксна линија): +39 (02) 947 59 208
- Повици од Франција (француска фиксна линија): +33 (0)1 76 36 04 12
- Повици од Велика Британија (британска фиксна линија): +44 1491 502156
- Повици од Хрватска (хрватска фиксна линија): +385 1 300 0803
- Повици од Данска (данска фиксна линија): +45 35 15 40 55
- Повици од Шведска (шведска фиксна линија): +46812411600
- Повици од Полска (полски фиксен телефон): +48 22 307 93 34
- Повици од Унгарија (унгарска фиксна линија): +36 1 701 04 78
- Повици од Романија (романска фиксна линија): +4 0373 808 000
- Повици од Украина (украинска фиксна линија): +38 044 228 1473*
или по е-пошта на podrshka@flixbus.mk. Во овие случаи, патниците не смее да го имаат започнато патувањето. Останатите права на патниците остануваат непроменети.
7 Започнување на патувањето
7.1 Се препорачува патниците да бидат на местото на поаѓање 15 минути пред почетокот на патувањето.
7.2 Во спротивно, правото на превоз и резервација може да му се додели на друго лице доколку патникот не е присутен на местото на поаѓање во утврденото време за резервираната линија.
7.3 Доколку патниците добијат известување по СМС, е-пошта или во некој друг писмен формат, дека има поголемо доцнење, губењето на правото на превоз на патникот кој не е присутен се смета согласно одложеното време на поаѓање наведено во таа СМС или е-порака.
7.4 Името на патникот се пребарува во списокот на резервации кој се прикажува на мобилниот телефон на возачот или на вработените во автобуската станица, согласно тековната состојба со резервации, за да се утврди дали патникот има право да ја користи услугата за превоз. Ова се прави со скенирање на билетот. Во посебни случаи, патникот мора да се идентификува себе си, ако тоа го побараат возачот или другиот персонал, на тој начин што ќе ја приложи потврдата за резервација во печатена или електронска форма (PDF датотека), како и документ за идентификација со слика издаден од надлежен државен орган (лична карта, пасош, вклучително и важечка виза, ако е неопходно).
8 Преседнувања
8.1 По правило, објавените возни редови претставуваат директни линии. Во некои случаи неопходно е преседнување.
8.2 Доколку има преседнување, Flix компаниите гарантираат продолжување на патувањето до закажаната целна дестинација. Во исклучителни случаи, Flix компаниите нудат алтернативен превоз доколку редовниот (шатл) автобус не е во можност да го почека автобусот што доцни. Во некои случаи, тоа може да биде автобус на некои од другите превозници, автомобил или воз. Не се признаваат барањата за одреден вид превоз. Доколку дестинацијата е далеку или нема алтернативни линии, поради што неопходно е патувањето да продолжи следниот ден, на патниците им се нуди бесплатно сместување во хотел од средна класа.
8.3 Горенаведените правила важат само во случај кога резервациите на патникот со Flix вклучуваат директни линии. Доколку патниците резервираат поединечни линии и ги комбинираат тие линии за да патуваат со преседнување, тогаш сами го сносат ризикот од испуштање на некоја од линиите. Во тој случај, патниците немаат право да бараат да им се организира алтернативен превоз или хотелско сместување. Сепак, Flix или Flix компаниите ќе ги направат сите разумни напори да ги информираат патниците за алтернативните линии.
8.4 Не може да се гарантира преседнувањето со превозници коишто не ги организираат Flix компаниите.
9 Општи обврски на патниците
9.1 Мора да се почитуваат инструкциите што ги даваат возачите и придружниот персонал.
9.2 Возачите и диспечерите имаат овластување да не им дозволат да патуваат на лица кои очигледно се под дејство на алкохол или дроги. Истото важи и за патниците коишто од други причини ја загрозуваат безбедноста на своите сопатници или сериозно ја нарушуваат нивната благосостојба. Во тој случај, тие немаат право да бараат да им се организира алтернативен превоз.
9.3 Забрането е пушење во автобусот вклучувајќи и електронски цигари.
9.4 Патниците се одговорни за штетите предизвикани во автобусот или врз самиот автобус за кои тие се виновни.
9.5 Патниците кои валкаат во автобусот, без разлика дали намерно или како резултат на груба небрежност, се должни да им платат на Flix компаниите надомест за чистење од најмалку €100, при што патниците имаат право да обезбедат докази дека не била причинета никаква штета или дека наведената штета била значително помала од горенаведениот паушален износ.
9.6 Превозниците може да го откажат договорот за превоз без претходно известување во случај кога патникот се однесува толку непримерно, и покрај (устното) предупредување, што за превозникот и/или останатите патници не е разумно да го продолжат патувањето. Тоа, исто така, важи и за ситуации кога патникот не ги почитува објективно оправданите упатства (на пр. безбедносните упатства). Во тој случај, превозникот има право да го задржи наплатениот износ на билетот. Исклучок се случаите кога патникот го има пропуштено патувањето поради болест од инфективно заболување согласно чл. 3, параграф 1, № 2 от VO-ABB (постановление относно Общите условия за превоз за трамваен и автобусен транспорт и редовни услуги с моторни превозни средства).. Во тој случај, на патникот му се враќа целосната платена сума за билетот.
9.7 Сите патници се обврзани да ги користат безбедносните појаси во рамки на законските прописи, под услов автобусот да е опремен со такви.
9.8 За време на паузи/запирања или полициски контроли, патниците го напуштаат автобусот доколку тоа од нив го побара возачот или услужниот персонал. Патниците треба да се придржуваат до времетраењето на паузите одредено од возачот или услужниот персонал. Возачот има право да продолжи со патувањето доколку патникот не се вратил во автобусот по изминување на предвиденото време за пауза и не е одговорен за отсуството на патникот по изминување на времето за пауза.
10 Посебни обврски на патниците во однос на меѓународните линии
10.1 Секој патник кој сака превоз преку која било меѓународна граница ќе биде исклучиво одговорен за усогласување со сите закони и прописи кои се однесуваат на документи, визи, девизи, царини и здравје. FlixBus не сноси одговорност за какви било последици поради неусогласувањето со таквите закони и прописи, дури и ако тие се сменат по резервацијата.
10.2 Секој патник кој сака превоз преку која било меѓународна граница е одговорен за обезбедување на сите потребни патни документи и за усогласување со законите на секоја земја од, преку или до која сака превоз.
10.2.1 За граѓаните на Европската Унија, Норвешка и Исланд особено, нивната национална лична карта се прифаќа како патна исправа; граѓаните од сите други националности треба да имаат пасоши.
Тука не се вклучени: возачките дозволи, личните картички за библиотеки, студентските лични карти, картичките за здравствено осигурување и слични документи.
10.2.2 Се препорачува да се проверуваат барањата за влез и патување на земјата на одредиштето/земјите за транзит со контактирање со соодветните амбасади или конзулати и со прелистување на веб-страницата на Europa.eu на: http://europa.eu/youreurope/citizens/travel/entry-exit/index_en.htm. FlixBus не е одговорна за какви било последици доколку патникот не ги обезбеди потребните документи и документи за лична идентификација.
10.3 Секој патник мора на возачот или на услужниот персонал да му ги даде потребните патни документи за прекуграничен сообраќај пред секое патување со автобус на долги релации. Ова подлежи на брзи проверки од страна на возачот или услужниот персонал.
10.4 FlixBus го задржува правото да одбие да го качи патникот доколку тој не може да обезбеди никакви документи во согласност со Дел 10.2.1.
10.5 Во согласност со член 10.4, FlixBus нема обврска да ги рефундира парите за билетот, ниту целосно, ниту делумно, ниту пак да обезбеди надомест во каква било друга форма.
10.6 Багажот / куферите не треба да бидат заклучени, за да се забрза постапката за царинска контрола.
10.7 Патниците се обврзани со себе да носат само предмети кои по својата природа и според количеството се ослободени од плаќање царински давачки.
11 Деца и малолетници
11.1 Мали деца на возраст помеѓу 0 и 3 години смеат да се превезуваат само во соодветни детски седишта. Мора да бидат обезбедени за време на возењето со автобус со помош на сигурносните појаси. Детските седишта мора да бидат обезбедни со појаси на две места и треба да се носат заедно со децата.
11.2 Превоз на деца и малолетни лица под 10 години ќе се врши на сите национални и меѓународни врски само ако се во придружба од возрасно лице за време на патувањето.
11.3 Деца и малолетни лица од 10 до 14 е дозволено да патуваат без придружба само ако родителот или старателот потврди во писмена форма, како дел од процесот резервација, дека малолетното лице е способно да патува само и без надзор. Flix и Flix компаниите изрично се откажуваат од каква било обврска за надзор над малолетници. Непридружуваните деца не можат да патуваат на ноќните линии и преку националните граници. Исто така, сите деца без придружба не смеат да патуваат со преседнување.
11.4 Адолесценти од 15 години или постари смеат да патуваат сами. Кај меѓународните линии старателите мора да се осигураат дека младите ги поседуваат сите документи и исправки за идентификација, кои се неопходни за преминување на границата (види и дел 11.2).
11.5 Децата патуваат по намалена цена. Ова се однесува на деца и малолетни лица под 15 години. Ако има промотивна цена со намалена тарифа, детето автоматски добива пониска цена.
12 Патници со инвалидитет или ограничена подвижност
12.1 Во принцип, секому се дава можност да патува, без оглед дали има инвалидитет или ограничена подвижност. На лицата со инвалидитет или на лицата со ограничена подвижност им се обезбедува помош од страна на FlixBus, во согласност со Анекс I а и б од Регулативата на ЕУ бр. 181/2011, во склоп на полето на одговорност на превозникот.
12.1.1 Лицата со инвалидитет или лицата со ограничена подвижност патуваат низ Чешка по пониска цена, сѐ додека поседуваат важечка ZTP или ZTP/P картичка
12.2 Лица за придружба, како и помош при движење и кучиња-водичи
12.2.1 Лицето кое Ве придружува има право да патува бесплатно доколку докажете дека имате потреба од постојана придружба со приложување соодветен документ. Исправата се покажува при влегување во автобусот и на неа е назначено дека Ви е потребна придружба, додека во Германија, се приложува сертификат за лице со сериозен хендикеп или специјалистички медицински сертификат.
12.2.2 За да може да се гарантира превоз на лицата со инвалидитет или на лицата со ограничена подвижност, како и на лицата во нивна придружба, патникот мора да нѐ информира за своите потреби пред да ја направи резервацијата. (види дел 12.5.3).
12.2.3 Помош при движење и кучиња-водичи, кои лицата мора да ги имаат со себе, се превезуваат бесплатно, под услов да се обезбеди доказ или соодветна потврда за инвалидитет (види клаузула 12.2.1). Овие животни не мора да носат корпа за муцката.
12.2.4 За да може да се гарантира превоз за придружбата или за кучето-водич, патникот мора телефонски да ја извести службата за грижа за корисници за своите потреби пред да ја направи резервацијата, најдоцна 36 часа пред поаѓање.
12.3 Постојки/автобуски станици
Flix компаниите немаат никакво влијание врз инфраструктурните услови на постојките и автобуските станици на кои се запира, а со тоа ниту врз пристапноста за лицата со инвалидитет, и затоа не може да дадат никаква гаранција во однос на ова. Операторот на самата автобуска станица е одговорен за тоа.
12.4 Одбивање превоз
12.4.1 Доколку дизајнот на возилото или инфраструктурата, вклучително автобуските станици и автобуските постојки, физички го оневозможуваат качувањето, симнувањето или превозот на лица со инвалидитет или лица со ограничена подвижност на безбеден и оперативно изводлив начин, Flix компаниите го задржуваат правото да одбијат да направат резервација, да издадат или да стават на располагање билет, или да му дозволат на лицето да се качи во возилото. Во тој случај, лицето/лицата ќе бидат известени за сите други прифатливи алтернативни начини на превоз преку услугите што ги нудат Flix компаниите.
12.4.2 Дизајнот на возилата е таков што во моментот превоз се овозможува само доколку лицето со инвалидитет или лицето со ограничена подвижност може самостојно да се качи во автобусот без помош од некој друг. Патниците може да побараат да бидат придружувани од лице по нивен избор кое може да ја обезбеди помошта што им е потребна на лицата со инвалидитет или на оние со ограничена подвижност, како компензација за горенаведените ограничувања. Овие лица за придружба се превезуваат бесплатно и им се даваат седишта што е можно поблиску до лицето со инвалидитет или лицето со ограничена подвижност.
12.4.3 Сите засегнати лица ќе бидат навремено известени во писмена форма и по барање, во рок од пет работни дена од приемот на барањето, за причината зошто е одбиено обезбедување на услугата за превоз.
12.4.4 Доколку е направена резервација и е издаден билет за превоз на лице со инвалидитет или на лице со ограничена подвижност, и ако потоа се одбие на ова лице да му се обезбеди превоз, тогаш патникот и лицето во негова придружба може да постапат на следниов начин: (а) да бараат да им се вратат парите за билетот и да бидат бесплатно вратени до местото на поаѓање наведено во договорот за превоз, што е можно поскоро, согласно можностите, или (б) да го продолжат патувањето по некоја алтернативна линија со друга прифатлива алтернативна услуга за превоз до дестинацијата утврдена во договорот за превоз.
12.5 Превоз на инвалидски колички и ортопедски помагала
12.5.1 Патниците со инвалидитет или со ограничена подвижност имаат право на бесплатен превоз на нивните инвалидски колички на склопување и на нивните ортопедски помагала во багажникот на автобусот. Инвалидската количка мора да може да се склопи и треба да биде без електричен погон.
12.5.2 Освен тоа, сите инвалидски колички кои е потребно да се стават во просторот за патници, без оглед на датумот на производство, на точките за прицврстување на безбедносната опрема, мора да имаат таканаречени безбедносни јазли согласно DIN 75078-2, како и одобрение од производителот согласно DIN EN 12183 или 12184. Исполнувањето на горенаведените стандарди за превоз треба да се потврди пред да се направи резервацијата, со испраќање на формуларот. (види дел 12.5.4).
12.5.3 За да се провери можноста за обезбедување на услугата за превоз, пред да направат резервација патниците треба телефонски да достават информации до службата за грижа за корисници за точниот модел на инвалидската количка или на другите ортопедски помагала во рок од 14, најдоцна до 7 дена (за превоз во просторот за патници) или 36 часа (за превоз во багажникот) пред почетокот на патувањето.
12.5.4 Патникот гарантира дека инвалидската количка е функционална и технички исправна за безбедно користење во текот на патувањето. Инвалидската количка мора да ги исполнува законските безбедносни прописи што се во сила. Може да не се дозволи користење инвалидска количка во текот на патувањето, доколку има доволно докази што укажуваат дека патувањето нема да биде безбедно или дека безбедноста е спорна. Превозникот не е одговорен за штети настанати поради технички неисправна инвалидска количка.
13 Резервирање на место за седење
13.1 Правење на резервација за место за седење
13.1.1 На некои патувања со FlixBus, може да се резервира одредено место кога се резервира на нашите интернет-страници, партнерски агенции или билетарници на FlixCompanies. Достапноста и надомест за резервација варираат во зависност од патувањето, линијата, категоријата на седишта (ходник, прозорец, ред или маса) и времето на резервација.
13.1.2 Резервацијата на место за седење се потврдува со потврдувањето на резервацијата за патувањето. Во случај на резервации со повеќе лица, не постои строг распоред според кој секое од лицата од резервацијата ќе треба да седнат на точната бројка, односно тоа значи дека лицата од резервацијата можат слободно да седнат на кое било седиште наведено во резервацијата.
13.1.3 Нема потреба да се направи резервација на седиште (што се наплатува). Доколку не е направена резервација на седиште и не е направено автоматско распределување на седиштата од страна на системот, патникот слободно може да избере седиште во одредена област кога го започнува неговото/нејзиното патување со автобус. Во таков случај, не можеме да загарантираме дека семејствата или групите ќе можат да седнат заедно. Како и да е, ви гарантираме дека секогаш ќе добиете место за седење во автобусот.
13.2 Ограничувања во однос на резервирањето место за седење
13.2.1 Доколку не се појавите навремено во автобусот, ќе го изгубите правото за резервираното седиште и правото за транспортот. Во таков случај, FlixBus има право да го препраспредели билетот согласно Член 7.2. Поради тоа, доколку имате резервација за место за седење, се препорачува да се појавите на автобуската 15 минути пред тргнување на автобусот.
13.2.2 Во принцип, само лицата што имаат резервација за одредено седиште имаат право да седат на тоа седиште. Од оперативни и безбедносни причини, FlixBus има право да ги преназначи седиштата дури и откако автобусот тргнал. Таквите случаи, меѓу другото, вклучуваат ситуации кога треба да се преназначи место за седење на бремена жена, малолетно лице, дете што патува само или на лице со физички хендикеп, и кога за нив нема соодветно место за седење. Притоа, треба да ги почитувате инструкциите на возачот на автобусот. Преназначувањето на седиштата се врши без земање предвид на расата, религијата, бојата на кожа, националноста или полот.
13.2.3 Доколку е извршена промена на резервираното место за седење и не постои слободно место во резервираната категорија или во повисока категорија, патникот ги добива парите назад што ги дал за резервирање на место за седење.
13.2.4 Во случај на откажувања или на одложувања согласно Член 16, сумата за резервацијата на место за седење ќе биде вратена.
13.2.5 Парите не се враќаат доколку патникот не се појавил или кога местото за седење е добиено бесплатно.
13.3 Откажување или промена на патување
Сумата дадена за резервација на место за седење се враќа во случај на откажување или промена на патување, освен ако седиштето било добиено бесплатно. Важат одредбите од член 5 за резервации. При откажување на патувањето, резервациите за место за седење ќе се префрлат на други лица од истата резервација.
13.4 Резервирање на дополнително место за седење
13.4.1 Важат следните услови 13.1 до 13.3.
13.4.2 Дополнителното место за седење не носи и дополнителни побарувања за превоз во смисла на параграф 2.2. Според тоа, дополнителното место за седење не може да му се додели на друго лице коешто нема важечки билет.
13.4.3 Надоместокот за достапното место се регулира според нашите моментални важечки цени на билетите. Одредбата 13.1.1. исто така важи и за надоместот за резервација на седишта за дополнително седиште.
14 Превоз на стока
14.1 Багаж:
14.1.1 Багажот чиј превоз е вклучен во цената на билетот е ограничен на една патна торба по патник со максимална димензија од 80 х 50 х 30 cm. Се дозволуваат мали отстапувања од овие димензии, под услов да вкупните димензии добиени како збир од вкупната висина, ширина и должина не надминуваат 160 cm. Секој патник може да носи багаж бесплатно до вкупна максимална тежина од 20 kg. Багажот може да вклучува куфери и торби. Исклучок од ова е превозот на планинарски ранци. Имајте на ум дека некои од нашите линии може да имаат други правила за багажната политика. Доколку е неопходно, тие ќе бидат наведени при постапката на резервација и на издадениот билет.
14.1.2 Дополнителен багаж
14.1.2.1 Во поедини случаи, во рамки на расположливите капацитети, со доплата може да се носи уште една патна торба (дополнителен багаж) со максимална големина од 80 х 50 х 30 cm и максимална тежина од 20 kg. И кај овој дополнителен багаж се дозволуваат мали отстапувања, под услов вкупниот збир на димензиите на торбата да не надминува 160 cm. Генерално, не може да се гарантира дека ќе постои можност да се патува со повеќе од една патна торба. Имајте на ум дека некои од нашите линии може да имаат други правила за багажната политика. Доколку е неопходно, тие ќе бидат наведени при постапката на резервација и на издадениот билет.
14.1.2.2 Неопходно е однапред да се пријави дополнителниот багаж. Багажот може да се пријави онлајн при постапката на резервација, или онлајн преку „Управување со резервацијата“ откако билетот е веќе купен. Ако има доволно простор во багажникот на автобусот, а сè уште не е пријавен дополнителен багаж, тогаш простор за дополнителен багаж може да се купи кај возачот на автобусот. Процената за оваа можност е одговорност на возачот на автобусот. Достапноста и надоместокот за дополнителен багаж се разликуваат во зависност од рутата, линијата, времето на резервирање и начинот на резервирање.
14.1.3 Патниците се должни да го означат својот багаж со своето име и адреса заради точна распределба и враќање, а особено за да се избегне помешување на багажот.
14.1.4 Патниците се должни сами да го пренесат својот багаж при промена на автобус. Возачот на автобусот може да помогне само во исклучителни ситуации и барањето на таква помош не би било оправдано, освен доколку патникот не е лице со хендикеп или лице со намалена подвижност.
14.2 Рачен багаж:
14.2.1 Рачниот багаж се превезува бесплатно, но е ограничен на 1 патна торба по патник со максимални димензии од 42 х 30 х 18 cm и максимална тежина од 7 kg.
14.2.2 Патниците мораат да го складираат и да внимаваат на рачниот багаж во патничката зона на начин кој гарантира дека безбедностa и соодветното работење на автобусот не се загрозени, и истиот не создава непријатности за другите патници. По правило, рачниот багаж треба да се стави на полиците за таа намена што се наоѓаат под седиштата пред патниците.
14.2.3 Патниците се задолжени да се грижат за својот рачен багаж и за неговата содржина и мора соодветно да внимаваат на него. Доколку се забележи дека некое трето лице има неовластен пристап, потребно е за тоа да биде известен возачот на автобусот. Од патниците се бара да проверат дали нивниот рачен багаж е комплетен пред да заврши патувањето.
14.3 Специјален багаж:
14.3.1 За таканаречениот специјален багаж, неопходна е претходна регистрација од патниците и потврда за можноста за носење таков багаж. Патниците немаат општо право да бараат превоз на специјален багаж.
14.3.2 За специјален багаж се сметаат предметите кои ги надминуваат димензиите на стандардниот багаж. Сепак, збирот на димензиите на специјалниот багаж не смее да надминува 240 cm (висина во cm + ширина во cm + дебелина во cm). Едно парче специјален багаж не смее да ја надминува максималната тежина од 305 kg.
14.3.3 Превозот на специјален багаж е ограничен на 1 парче по патник.
14.3.4 Обично не се врши превоз на монтажни елементи, покуќнина, делови од мебел, електронски уреди, штици за сурфање и картонски кутии. Ортопедските помагала и велосипедите не се сметаат за специјален багаж. Тие подлежат на посебни услови.
14.3.5 Неопходно е однапред да се пријави специјалниот багаж. Багажот може да се пријави онлајн при постапката на резервација, или онлајн преку „Управување со резервацијата“ откако билетот е веќе купен. Ако има доволно простор во багажникот на автобусот, а сè уште не е пријавен специјален багаж, тогаш простор за специјален багаж може да се купи кај возачот на автобусот. Процената за оваа можност е одговорност на возачот на автобусот. Достапноста и надоместокот за специјален багаж се разликуваат во зависност од рутата, линијата, времето на резервирање и начинот на резервирање.
14.4 Музички инструменти:
14.4.1 Музичките инструменти се сметаат за специјален багаж. Доколку инструментот (вклучително и куферот на инструментот) е помал од пропишаната големина на рачниот багаж, може да се превезува бесплатно наместо рачен багаж. Доколку инструментот (вклучително и куферот на инструментот) е поголем од пропишаната големина на рачниот багаж, мора да се превезува во задниот багажник. Во тој случај, се наплаќа дополнителен надоместок (види точка 14.3.5). Музичките инструменти и нивните куфери чии димензии се поголеми од 135 х 48 х 35 cm не се превезуваат.
14.4.2 Генерално се препорачува музичките инструменти да се превезуваат во тврди куфери.
14.5 Вредни предмети и електронска опрема:
14.5.1 Вредните предмети, како што се готовина, накит, скапоцени метали, клучеви, очила (очила за сонце и/или очила за читање), електронски уреди (лаптопи, iPad-ови, таблети, МР3-плеери, мобилни телефони, фотоапарати, преносни батерии, литиумски батерии или литиумски акумулатори), е-цигари, електронска стока за широка потрошувачка (особено лаптопи, мобилни телефони итн.) засегнати од дејство за отповикување од страна на производителот или застапникот, контактни леќи, протези, лекови, важни документи (дипломи, други сертификати, акредитиви, пасоши, возачки дозволи, акции) итн., и кршливите предмети мора да се пренесуваат во рачен багаж, не во нормален багаж, и се предмет на длабинската проверка на патниците.
14.5.2 Доколку патниците, сепак, одлучиле да стават вредни предмети во својот обичен багаж, нема да се прифаќаат барања за надомест на штета. Случаите на намера или груба небрежност се изземени од тоа.
14.6 Колички за бебиња:
14.6.1 Количките за бебиња се превезуваат како специјален багаж (макс. 1 количка по патник). Количките мора да може да се склопуваат. Количките кои не се склопуваат нема да се превезуваат. Мора да се направи регистрација со јавување на дежурната телефонска линија на службата за грижа за корисници најрано 48 часа пред почетокот на патувањето.
14.6.2 Количките за бебиња се превезуваат бесплатно.
14.7 Велосипеди & E-скутер:
14.7.1 Велосипеди
14.7.1.1 На некои линии се превезуваат и велосипеди. Велосипедите мора да се со стандардна големина и не смеат да надминуваат 20 kg – не се превезуваат е-велосипеди, електрични велосипеди со педали, тандеми или други велосипеди со три тркала.
14.7.1.2 Се препорачува сите патници кои сакаат со себе да понесат велосипед, однапред да направат резервација на патувањето и на просторот за велосипед.
14.7.1.3 Превоз на велосипеди се врши во зависност од расположливиот капацитет, којшто изнесува максимум 5 велосипеди по автобус. Патниците немаат општо право да бараат превоз на велосипед.
14.7.1.4 Превезувањето велосипеди подлежи на дополнителна давачка за велосипеди. Достапноста и надоместокот за превоз на велосипеди се разликуваат во зависност од рутата, линијата, времето на резервирање и начинот на резервирање. Превезувањето се врши со посебни држачи за велосипеди. Во специјални случаи, превезувањето е можно само во соодветни торби во делот за багаж (на пример, велосипед кој се склопува). Вкупните димензии на велосипедот не може да надминат 240 cm (височина + широчина + должина) и велосипедот не смее да тежи повеќе од 20 kg. Во тој случај мора да се извести службата за клиенти (клаузула 14.3.5).
14.7.2 E-скутер
14.7.2.1 Не е дозволен превоз на електрични скутери и слична стока во автобуси на долги релации.
14.8 Нема осигурително покритие за предметите заборавени или оставени во автобусот. Доколку патниците заборавиле некој предмет во автобусот, тие треба да го пополнат формуларот за изгубено-најдено на веб-порталот на Flix.
14.9 Забрането е внесување опасни супстанции и предмети во автобусот, особено
- експлозивни, лесно запаливи, радиоактивни, смрдливи или корозивни супстанции.
- отпакувани или незаштитени предмети кои може да ги повредат другите патници.
Тука се вклучени и предмети како оружје, муниција и пиротехника.
15 Превоз на животни
15.1 По правило, во автобусите на долги релации не се врши превоз и транспорт на кучиња и други животни.
15.2 Правилата утврдени во точка 12.2.3, како и во точка 12.2.4 важат за помош при движење и кучиња-водичи.
16 Права на патниците во случај на доцнење или откажување
16.1 Во случај на откажување или доцнење, Flix компаниите или операторот на автобуската станица ги известуваат патниците коишто треба да тргнат од терминалот на кој има персонал за таквата ситуација што е можно поскоро, но најдоцна 30 минути по времето на поаѓање според возниот ред, и ги информираат за очекуваното време на поаѓање, веднаш штом таа информација стане достапна. На сите патници, а особено на оние кои треба да тргнат од автобуска станица на која нема персонал, Flix компаниите им обезбедуваат електронски информации во однос на откажувањето или доцнењето. За да може да ги добиваат овие информации, патниците мора да ги обезбедат потребните податоци за контакт (на пр. број на мобилен телефон).
16.2 Доколку е разумно да се претпостави дека поаѓањето на резервираното патување мора да се откаже, дека ќе биде одложено повеќе од 120 минути или во случај на прекумерен број резервации, патниците може да постапат на следниов начин: (а) во прва прилика да го продолжат своето патување на друга линија која оди до дестинацијата предвидена во договорот за превоз, под слични услови како оние предвидени во договорот или (б) да побараат да им се вратат парите за билетот и да добијат бесплатен превоз назад со автобусот до местото на поаѓање наведено во договорот за превоз, доколку тоа е соодветно. Може да се бара целосно враќање на износот платен за билетот, како за делот од патот што веќе е поминат, така и за делот од патот што не е поминат, под услов патувањето да станало залудно од аспект на првичните планови за патување на патникот. Рефундација се прави со враќање на парите во рок од 14 дена од приемот на барањето за надомест на штета или откако на патниците им било дадено да избираат помеѓу (а) и (б) погоре, освен доколку патниците не се сложиле со некој друг облик на рефундација.
16.3 Flix им нуди на патниците бесплатно сместување во хотел или друг облик на сместување, како и поддршка во организирањето превоз помеѓу автобуската станица и местото на сместување, и тоа во случај кога е неопходно преноќување во текот на една или повеќе вечери како резултат на откажување или доцнење во поаѓањето од некоја автобуска станица кое надминува 90 минути во случај на патувања со предвидено времетраење од најмалку три часа. Во тој случај, Flix им нуди на патниците ужинки, оброци или освежителни пијалаци согласно периодот на чекање или доцнење, под услов тие да се достапни во автобусот или на автобуската станица, или под услов да може да се набават на разумен начин. Flix го ограничува вкупниот трошок за сместување, без тука да бидат вклучени трошоците за превоз помеѓу автобуската станица и сместувалиштето, на €80 од вечер по патник и на максимум две ноќевања. Горенаведеното право на бесплатно сместување во хотел или во друг вид на сместување не важи доколку Flix може да докаже дека откажувањето или доцнењето било предизвикано од неповолни временски услови или силни природни катастрофи кои го загрозуваат безбедното испорачување на услугите за превоз согласно возниот ред.
16.4 Доколку возилото стане неисправно во текот на патувањето, Flix им нуди на патниците да го продолжат патувањето со друго возило или да бидат превезени до некое соодветно место за чекање од каде ќе може да продолжат со патувањето.
16.5 Не се исклучуваат дополнителни побарувања за надомест на штета предизвикана од откажувањето или доцнењето.
17 Одговорност
17.1 Во случај на мала небрежност, одговорност се презема - со исклучок на случаи на животозагрозувачки и телесни повреди или загрозување на здравјето - само доколку била извршена повреда на основните договорни обврски. Неограничената одговорност за намера и груба небрежност и понатаму важи.
17.2 Одговорноста за колатерална штета се исклучува во случаи на обична небрежност. Тоа нема да важи за случаи на животозагрозувачки или телесни повреди и загрозување на здравјето со намера или од небрежност.
17.3 Износот на компензација во случај на смрт или на телесна повреда е ограничен на €220.000 по патник, при што износот на компензација во рамки на опсегот на примена на StVG (Законот за патен сообраќај) останува изречно резервиран.
17.4 Одговорноста и износот на компензација за оштетување на багажот ќе бидат ограничени и исклучени:
17.4.1 Во случај да настане штета на дел од багажот како резултат на незгода во која учествувал автобусот, или загуба на багажот од истите тие причини, износот на компензација од побарување по патник и парче багаж е ограничен на €1.200.
17.4.2 Одговорноста се исклучува во случаи на загуба на парчиња багаж што не е поврзана со незгодата во која учествувал автобусот, како и во случаи на помешување на багажот или негово крадење, освен кога станува збор за намера или груба небрежност.
17.4.3 Се исклучува одговорноста за штета или дополнителна штета што се јавила како резултат на тоа што патниците не го спакувале својот багаж на соодветен начин, освен кога станува збор за намера или груба небрежност.
17.5 Компензацијата во случај на оштетување на инвалидските колички и другата опрема за движење или помошните помагала секогаш го има најмалку оној износ потребен за замена или поправка на изгубената или оштетената опрема. Во постапката, ќе се направат сите напори да се обезбеди барем привремена замена, којашто одговара на техничките и функционалните карактеристики на загубената или оштетена инвалидска количка или на другата опрема за движење.
17.6 Износот на компензација за сите други штети на имот, кои не претставуваат ниту несакано оштетување на багажот, ниту оштетување на инвалидски колички или други помагала за движење или помошни помагала, е ограничен на €1.000, согласно член 23 од германскиот Закон за јавен превоз (PBfG), освен доколку штетата на имотот не се должи на намера или груба небрежност.
17.7 Ограничувањата и исклучувањата од одговорност нема да важат за статутарните задолжителни обврски за одговорност без вина или во поедини случаи каде била прифатена гаранција без утврдување вина.
18 Дополнителни општи услови за превоз
Покрај овие „Посебни услови за превоз“, се применува и статутарниот акт во однос на Општите услови за трамвајски и автобуски превоз и услуги со моторни возила според возен ред од 27.02.1970 година (Сојузен службен весник I, страница 230) во неговата актуелна верзија.
19 Место на судска надлежност
Место на судска надлежност за обични трговци, правни и физички лица, за кои не важи општата судска надлежност во Германија - како и за лицата кои по склучување на договорот за превоз го промениле своето место на живеење или вообичаено живеалиште кое сега се наоѓа во странство, и чие место на живеење или вообичаено живеалиште не е познато - е Минхен.
20 Неприменливи одредби
Доколку поедини одредби од овие Општи услови и одредби за деловно работење и превоз треба да станат или станат целосно или делумно неприменливи или ништовни, тоа по правило нема да влијае врз применливоста на договорот за превоз во целина.
II. Услови за превоз во зависност од земјата
1. Дополнение на условите за превоз за Данска
- кон 5: За патувања на територијата на Данска, студентите/учениците, децата и постарите лица може да добијат билет за пониска цена од редовната. Ако резервирате и користите билет со попуст, при качување во автобусот возачот ќе побара да приложите важечки документ за идентификација. Билети за деца, студенти и постари лица важат само доколку се приложи бараниот документ за идентификација. Доколку не може да го приложите бараниот документ за идентификација кај возачот, Вашиот билет со попуст нема да биде важечки и ќе треба да извадите нов билет по редовна цена за да може да се качите во автобусот.
Дански војници кои се на отслужување задолжителен воен рок може да патуваат бесплатно откако ќе ги приложат соодветната документација и идентификацискиот документ за вршење на таква служба. Неопходно е да се резервира седиште, а резервацијата мора да се изврши по е-пошта на: podrshka@flixbus.mk. - кон 11: Клаузулите 11.2, 11.3 и 11.5 не важат за линиите на територијата на Данска. Малолетници на возраст под 16 години смеат да патуваат сами на територијата на Данска, дури и на линии со преседнување, доколку родителот или законскиот старател писмено потврди дека малолетникот е способен и е во состојба да тргне на пат без придружба и без надзор. FlixBus експлицитно се одрекува од каква било обврска за надзор над малолетникот. На територијата на Данска, децата секогаш патуваат по цена намалена во споредба со таа за возрасни. До 2 деца под 12-годишна возраст можат да се возат бесплатно ако се придружувани од лице постаро од 16 години. Едно дете под 12-годишна возраст може да се вози бесплатно ако е придружувано од лице меѓу 12 и 15 години.
2. Дополнение на условите за превоз за Франција
- кон 7.6: Од сите патници над 18 години, кои патуваат во Франција и на територијата на Франција, ќе се бара од 9 август 2021 година да поседуваат еден од трите здравствени докази релевантни за Health Pass: или потврда за целосна вакцинација, доказ за валиден негативен тест со RT-PCR или антигенски тест, резултат од позитивен тест со RT-PCR кој потврдува закрепнување од Ковид-19, стар најмалку 11 дена и не постар од 6 месеци.
Патниците кои не носат доволно докази, може да бидат исклучени од патувањето. Во тој случај, немаат право да го заменат превозот.
Од 30 септември 2021 година, овие мерки се однесуваат на сите патници над 12 годишна возраст. - кон 11: Клаузулите 11.2, 11.3 и 11.4 не важат за линиите во Франција и линиите што водат од Франција во други земји. Малолетници на возраст под 16 години смеат да патуваат само во присуство над родител или старател. Родителите или старателите на малолетници на возраст меѓу 16 и 17 години кои патуваат на територијата на Франција треба да се осигураат дека малолетникот ги поседува сите документи и исправи за идентификација потребни за преминување преку граница (лична идентификација или пасош).
- кон 12.2.1: Ако лицето поседува: - Во Франција, картичка за „инвалидитет“ или „приоритетна“ мобилност и вклученост - Во Германија, картичка за попреченост за тешко хендикепирани или лекарско уверение - Во Италија, потврда издадена од регионалниот здравствен орган (ASL) или од Државната организација за социјална заштита (INPS) - Во Чешка, важечка картичка ZTP/P издадена во Чешка (PS), и му е одбиена резервација, издавање или набавка на билет или качување на превозното средство, поради неговата/нејзината попреченост, ова лице може да побара да биде придружувано од друго лице по негов избор способно да му ја даде помошта што ја бара. Лицето што придружува мора да има над 18 години, да има бесплатен превоз и, секогаш кога е можно, да добие место до лицето со попреченост или лицето со намалена подвижност.
- кон 12.2.3: Пристапот до превоз е овластен за кучиња-водичи или кучиња за помош кои придружуваат лица кои имаат картичка за „вклученост за мобилност“ со ознаките „инвалидитет“ и „приоритет“. Кучињата-водичи и кучињата за помош кои се обучуваат ги имаат истите права. Кучето-водич или кучето за помош мора да се идентификува со сертификатот за идентификација на куче-водич или куче за помош. Овие животни се ослободени од барањето за носење заштитна маска. Покрај тоа, за меѓународни линии, тие мора да носат пасош за кучиња за меѓународно патување.
- кон 21.2: По контактирање со Службата за корисници и во отсуство на задоволителен одговор во период од 60 дена, патникот е информиран за опцијата да прибегне кон посредување со бесплатен контакт со Медијаторот за туризам и патување. Ова може да се направи или преку пошта на следната адреса: MTV – MEDIATION TOURISME VOYAGE Service dépôt des saisines BP 80303 75823 PARIS Cedex 17, или електронски со поднесување на барањето преку нивната онлајн платформа достапна преку следнава врска: https://www.mtv.travel/saisine-du-mediateur/.
3. Дополнение на условите за превоз за Италија
кон 11.1: Децата на возраст меѓу 0 и 3 години може да се превезуваат само на соодветни детски безбедносни седишта. Овие седишта мора да бидат прицврстени со безбедносните појаси со две точки достапни во автобусот и мора да бидат обезбедени од возрасните кои ги придружуваат малолетниците. FlixBus не е одговорен за соодветноста и усогласеноста со законските барања на безбедносните седишта што ги носат возрасните кои ги придружуваат малолетниците.
Малолетниците кои имаат најмалку 3 години може да се превезуваат со системи за врзување, само ако тие се одобрени и компатибилни со нивната висина (чл. 172.6 италијански закони за сообраќај [Codice della Strada]).
Доколку автобусот не е опремен со одобрени системи за врзување, малолетниците мора да се превезуваат со користење стандардни безбедносни појаси, само ако тие се компатибилни со нивната висина. Оваа одредба се однесува само на деца со тежина помала од 36 kg.
Само возрасните кои се одговорни за надзор над малолетниците ќе бидат одговорни доколку не ги почитуваат овие одредби. Патниците кои тежат до 36 kg и се високи до 1,50 m можат да патуваат без да користат системи за врзување деца, само ако не седат во првиот ред и ако ги придружува патник кој има најмалку 16 години.
На меѓународни линии, малолетници на возраст од 0 до 14 години (малолетници кои сè уште немаат 14 години) можат да патуваат само ако ги придружува возрасно лице (родители, законски старател или друго полнолетно лице). Доколку малолетници на возраст под 14 години патуваат на меѓународни линии придружувани од возрасно лице кое не е нивни родител или законски старател, второспоменатите мора да дадат изречно овластување со тоа што ќе потпишат Писмо за согласност во надлежното седиште на полицијата (Questura), кое може да се преземе на следната врска.
Важноста на одобрението за патување е ограничена на едно патување (кое треба да се сфати како патување во еден правец и/или повратно патување) надвор од местото на живеење на малолетникот, со одредена дестинација.
Доколку малолетниците на возраст меѓу 14 и 15 години (малолетници кои веќе имаат 14, но сè уште немаат 15 години) сакаат да патуваат на меѓународни линии без да ги придружува возрасно лице, нивните родители или законски старател мора да дадат писмено овластување, кое ќе биде приложено со билетот, користејќи го образецот даден на следната врска.
На домашни линии, малолетници на возраст од 0 до 10 години (малолетници кои сè уште немаат 10 години) можат да патуваат само ако ги придружува возрасно лице (родители, законски старател или друго полнолетно лице). Доколку малолетници под 10-годишна возраст патуваат на домашни линии во придружба на возрасно лице кое не е нивни родител или законски старател, второспоменатите мора да дадат писмено овластување, кое ќе биде приложено со билетот, користејќи го образецот даден на следната врска.
Доколку малолетниците на возраст меѓу 10 и 15 години (малолетници кои имаат повеќе од 10, но сè уште немаат 15 години) сакаат да патуваат на домашни линии без да ги придружува возрасно лице, нивните родители или законски старател мора да дадат писмено овластување, кое ќе биде приложено со билетот, користејќи го образецот даден на следната врска.
Flix и FlixCompanies не се одговорни за надзор над малолетниците.- кон 12: Лице чија подвижност е намалена во однос на користењето на превозот поради физичка попреченост (сензорна или локомоторна, трајна или привремена), интелектуална попреченост или намалени способности, или каква било друга причина за попреченост, или поради возраста, и чија состојба бара соодветно внимание и адаптација на услугата што им се дава на сите патници на неговите или нејзините специфични потреби („Лице со попреченост или намалена подвижност“ или „Лице со посебни потреби“).
- кон 12.2.1: Лице кое придружува има право да патува бесплатно ако патникот може да докаже дека има потреба од постојана придружба. Доказот се обезбедува со покажување на соодветниот документ во кој се наведува потребата од постојана помош при поаѓањето; во Италија, здравствен сертификат (Certificato) издаден од локалниот здравствен орган (ASL) или Националниот институт за социјално осигурување (INPS).
- кон 12.2.3: Службените кучиња за лица со попреченост и кучињата-водичи за слепи се превезуваат бесплатно, по приложување важечки документ кој докажува тешка попреченост или еквивалентен сертификат (погледнете во 12.2.1). Овие животни мора да носат маска ако тоа го побара возачот или патник.
- во однос на 12.5.1: Од безбедносни причини, инвалидските колички мора да се преклопуваат и да не се електрични. Пропелерите и секој надворешен мотор кој се користи на инвалидската количка исто така се исклучени од истите причини.
4. Дополнение на условите за превоз за Полска
- кон 2.2: Оваа одредба не го исклучува правото на патникот да го промени договорот за превоз или да се повлече од договорот за превоз на местото каде што автобусот застанува на автобуската станица за време на патувањето за линиите реализирани од FlixBus Polska sp. z o.o. Ако сакате да се повлечете од договорот за превоз за време на патувањето, треба претходно да го известите возачот. Ако дојде до промена на договорот за превоз за време на патувањето треба претходно да го информирате возачот на автобусот и да купите нов билет.
- кон 3.1: Билетите купени за автобуските линии со кои управува FlixBus Polska sp. z o.o., се сметаат за фактура во рамките на значењето на Законот за ДДВ на Полска.
- кон 3.2.1: Можете да купите билет за автобуските линии реализирани од FlixBus Polska sp. z o.o. во самиот автобус.
- кон 3.5.4: За патувања во Полска, постојат утврдени законски попусти кои им се даваат на лица кои имаат одредени права во согласност со полскиот Закон за права на превоз со попуст во јавен транспорт или други одредби. Давачката во овој случај се пресметува врз основа на законскиот попуст и цената наведена на ценовникот која е важечка за дадената маршута. Патникот е обврзан да покаже важечки документ со кој се потврдуваат правата за попуст пред да се качи во автобусот. Повеќе информации за утврдените законски отстапки и важечки документи за потврдување на правото можат да се најдат овде.
- кон 5: Во однос на услугите со кои управува FlixBus Polska sp. z o.o., одредбите наведени во клаузула 5 ќе важат и во случај на непрепознавање на документ како важечки, со кој се потврдува правото на бесплатно возење или на намалена цена на возен билет.
- 5.3: Во однос на услугите со кои управува FlixBus Polska sp. z o.o., зголемената цена на возниот билет ќе го претставува збирот на соодветната цена и дополнителната цена на возниот билет: 150 злоти, собрани при проверката, или 200 злоти, при издавање на барање за плаќање.
- 5.4: Во однос на услугите со кои управува FlixBus Polska sp. z o.o., зголемената цена и дополнителната цена на возниот билет ќе бидат вратени, а барањето за плаќање ќе биде откажано по плаќањето на манипулативниот трошок од 15 злоти и, доколку патникот може, не подоцна од 7 дена од датумот на превоз, да обезбеди документи дека соодветното патување е резервирано или дека има право на бесплатно возење или на намалена цена на возниот билет. Релеватните документи треба да се испратат преку образецот за контакт на https://help.flixbus.com/s/home-mk?language=mk или со препорачано писмо на адресата: FlixBus Polska sp. z o.o. Fabryczna 5A, 00-446 Warsaw, Полска.
- кон 9.3: Во Полска е забрането пиење алкохол во автобус.
- кон 9.5: За автобуските линии кои ги реализира FlixBus Polska sp. z o.o., важи клаузула 9.5 со одредба дека патниците се обврзани да платат само надомест за горенаведеното валкање во износ на фактичките трошоци за предизвиканата штета.
- кон 12: Во Полска и на услуги со кои управува FlixBus Polska sp. z o.o. ставовите 12.2.3 и 12.2.4 се однесуваат на лицата со попреченост со кучиња за помош како што е дефинирано со соодветните закони. Се применуваат следните одредби:
- кон 12.2.3: Куче за помош на лице со попреченост се транспортира без доплата под услов да е опремено со ремен и лицето со попреченост да има сертификат со кој се потврдува статусот на куче за помош и сертификат за потребните ветеринарни вакцини. Не е задолжително овие животни да носат маска за уста.
- кон 12.2.4: Одредбата не се применува.
- кон 17: Во однос на автобуските линии кои ги реализира FlixBus Polska sp. z o.o., правото на превоз постои во случај да е склучен договор за превоз и до оној степен до кој постои обврска за транспорт во согласност со одредбите (17.8.1 до 17.8.9) на Граѓанскиот закон на Полска и Законот за права во транспортот на Полска.
- кон 17.8.1: Поплаките кои произлегуваат од договорот за превоз склучен со превозникот, вклучувајќи ги и оние кои се однесуваат на резервирањето на превозот, треба да бидат испратени преку образец на веб-порталите на Flix, да му бидат дадени во писмена форма на возачот на автобусот или испратени во писмена форма на следнава адреса на превозникот: FlixBus Polska sp. z o.o. Fabryczna 5A, 00-466 Warszawa, Polen. Поплаките можат да бидат упатени во рок од една година од денот на настанување на околностите кои се предмет на поплаката.
- кон 17.8.2: Поплаката треба особено да вклучува назначување на лицето кое ја поднесува поплаката, опис на околностите и резервациите, посочување на претрпената штета, утврдување на обесштетувањето (износот на надоместот), потпис на лицето кое ја поднесува поплаката. Поплаките мораат да бидат придружени со оригинали или фотокопии од билетот, како и други документи во врска со склучувањето на договорот за превоз, вклучувајќи ги оние со кои се потврдува правото на бесплатен превоз или превоз со попуст.
- кон 17.8.3: Во случај на поплаки во врска со багаж, ве молиме опишете ја штетата или околностите кои настанале.
- кон 17.8.4: Ако поплаката не ги исполнува горенаведените услови, или се потребни дополнителни информации за да биде разгледана, превозникот го повикува лицето кое ја поднело поплаката да ги поправи недостатоците или да обезбеди дополнителни објаснувања во рок од 14 дена од приемот на барањето. Неодговарањето на повикот во рамките на пропишаниот период ќе резултира со неразгледување на поплаката.
- кон 17.8.5: Превозникот ја разгледува поплаката во рок од 30 дена од датумот на поднесувањето на поплаката или од датумот на прием на пополнетата поплака.
- кон 17.8.6: Другите услови и деталната процедура за поплаки се регулирани со Законот за транспорт на Полска и извршните прописи.
- кон 18 и 19: Овие одредби не се применливи за автобуските линии кои ги реализира FlixBus Polska sp. z o.o.
5. Дополнение на условите за превоз за Република Чешка
- кон 3.3.3: Според одредбите од параграф 1840 од законот бр.89/2012 Coll., Граѓанскиот законик, како што е изменетo, посебните одредби кои се однесуваат на обврските за договори кои се извршуваат како договори на растојание, според кои потрошувачот има право да се повлече од договорот во период од четиринаесет дена, не важат за договори за превоз на патници.
- кон 11.2 до 11.4: Наместо ограниченост за возраст во параграфите од 11.2 до 11.4, децата под шест години може да се превезуваат само ако се придружувани од лице кое има повеќе од десет години.
- кон 11.5: Патниците до шестгодишна возраст се превезуваат без надоместок; ова не важи за второто или за секое следно дете придружено со ист патник, или ако на детето му се обезбеди посебно седиште на барање на придружниот патник. Патниците на возраст од 6 до 18 години патуваат по намалена цена.
- кон 12: Во Република Чешка, лицата со посебни потреби или ограничена подвижност патуваат по намалена тарифа, доколку можат да презентираат валидна картичка ZTP или ZTP/P издадена во Република Чешка.
- кон 12.2.1: Водичот се превезува бесплатно, кога се презентирани докази за потреба од водич во текот на целото патување. Претставувањето на доказите се дефинира како обезбедување на соодветен документ пред започнување на патувањето, што укажува на потребата од постојано водење; во Чешката Република ова значи валидна ZTP / P картичка издадена во Република Чешка.
- кон 12.2.4: Одредбата не важи.
- кон 16.2: Во случај патникот да има билет за патување во еден правец со преместување, но на станицата за тргнување истото е одложено за 60 минути или повеќе, и патникот одлучи да се откаже од патувањето, истиот има право на рефундација за цената на неговото патување.
- кон 17.1. до 17.3, 17.6, 17.7: Ќе се применуваат законските одредби за одговорност.
- кон 17.4.2: Наместо вклучената одредба, се применува следново: Само багаж чија цена не надминува 3.000 CZK може да се предаде за транспорт во багажниот простор.
- кон 18: Покрај овие Општи услови за превоз, се применуваат и Уредбата на Министерството за транспорт и врски бр. 175/2000 Coll., за правилата за транспорт за јавен железнички и сувоземен патнички превоз или друго релевантно законодавство.
- кон 19: Секоја потенцијална судска постапка меѓу FlixBus CZ s.r.o. и патник ќе се поведе пред суд во Република Чешка.
6. Дополнение на условите за превоз за Шведска
- кон 16.2:
- Доцнења на патувањата кај линии со вкупно растојание пократко од 150 km. (на пр. линија 690 Арланда до Стокхолм C)
- Кај патувања со линии со вкупно растојание пократко од 150 km, важат други одредби во случај на доцнење од повеќе од 20 минути.
- Патниците можат или да го извршат патувањето со други средства за превоз или да го продолжат патувањето со автобусот што доцни. Во двата случаи, патниците ќе имаат право на финансиски надоместок. Тоа не зависи од растојанието што го покривате самите вие, туку од вкупното растојание на автобуската линија што ја користите.
- Надомест за други средства на превоз.
- Доколку постојат разумни индикации дека патниците ќе доцнат повеќе од 20 минути на нивната дестинација, патниците имаат право прво да го извршат патувањето со други средства за превоз, а потоа да добијат надоместок за алтернативниот превоз. Алтернативен превоз може да биде, на пример, јавен превоз, такси или сопствено возило. Барањата за надоместок за возењата со такси може да бидат земени предвид само ако возењето било од и до точните станици кои биле резервирани или планирани.
- Трошоците за алтернативниот превоз мора да се разумни во однос на околностите и не смеат да надминат 1/40 од основната цена, како што е дефинирано во Кодексот за социјално осигурување (2010:110), (SEK 1182.50 за 2020 година). Нема однапред одредени ограничувања за тоа што се разумни трошоци, туку тоа треба да се одлучи за секој поединечен случај.
- Патниците може, исто така, да имаат право на надоместок за другите средства за превоз за доцнење, дури и ако патниците не можеле да купат автобуски билет. Автобусот треба да доцни повеќе од 20 минути и патниците треба посебно да планирале да патуваат точно со тој автобус што доцни. Мора да постои доказ дека патниците направиле одредени подготовки, како, на пример, да биле на автобуската постојка/станица за патување со автобусот што доцни.
- Враќање на трошоците за билетот
- Доколку патниците решат да го продолжат патувањето со автобусот што доцни, тие имаат право на рефундирање на цената:
- Доколку патувањето доцни повеќе од 20 минути, тие имаат право на рефундирање од 50 % од цената на билетот.
- Доколку патувањето доцни повеќе од 40 минути, тие имаат право на рефундирање од 75 % од цената на билетот.
- Доколку патувањето доцни повеќе од 60 минути, тие имаат право на рефундирање од 100 % од цената на билетот.
- Патниците кои бараат рефундирање за алтернативен превоз мора да поднесат барање во рок од два месеци од настанот со доцнењето.
- Доколку патниците решат да го продолжат патувањето со автобусот што доцни, тие имаат право на рефундирање на цената:
- Доцнења на патувањата кај линии со вкупно растојание пократко од 150 km. (на пр. линија 690 Арланда до Стокхолм C)
7. Дополнение на условите за превоз за Обединетото Кралство
- кон 11.3: Важи само за патувања во границите на Обединетото Кралство.
- кон 11.4: Во случај на услуги за патување надвор од Обединетото Кралство, детето мора да има најмалку 16 години за да може самостојно да патува.
8. Дополнение на условите за превоз за Шпанија
- кон 19: Flix SE изрично се откажува и ја исклучува надлежноста на Судови за транспортна арбитража за решавање спорови поврзани со услугите што ги обезбедува. Доколку патниците поднесат барања до Судови за транспортна арбитража, ќе бидат информирани за другите можности за решавање спорови.
9. Дополнение на условите за превоз за Грција
- кон 9: Важат следните обврски за патниците:
- На патниците не им е дозволено да прават бучава (на пример, да користат радио на звучникот).
- Не смеат да лепат налепници, да споделуваат печатени материјали, да тргуваат со стоки, да водат пропаганда од која било форма, да свират на музички инструменти и да питачат.
- кон 11.2: На децата и малолетниците кои сè уште не наполниле 7 години ќе им биде дозволено да патуваат на сите национални и меѓународни редовни линии само доколку се придружувани од возрасно лице.
- кон 11.3: Децата и малолетниците на возраст меѓу 7 и 14 години смеат да патуваат сами само во случај кога родителот или законскиот старател писмено потврдил за време на резервацијата дека предметното малолетно дете е способно и во позиција да го започне патувањето без придружба и без надзор. Flix, FlixCompanies и нивните филијали изрично не преземаат никаква одговорност да надгледуваат малолетно лице. Децата кои патуваат сами не смеат да патуваат преку ноќ и преку националните граници. Покрај тоа, сите деца кои патуваат сами не се овластени да учествуваат во патувања кои вклучуваат префрлања.
- кон 11.4: Во случај на линии меѓу Грција и земјите-членки на ЕУ, децата и малолетниците можат самостојно да патуваат откако ќе наполнат 6 години. Во случај на придружувани деца, сите колички мора да бидат ставени во багажниот простор од страна на придружникот на детето.
- кон 16.1: На патниците кои патуваат меѓу Грција и другите земји-членки може да им се дозволи да превезуваат мали животни со одговорност на патникот и според проценка на возачот или друг овластен персонал на превозникот во зависност од наполнетоста (капацитетот) на возилото и безбедноста на патниците (со исклучок на службените кучиња) доколку:
- Се ставени во кафез за безбеден транспорт од затворен тип со димензии до 70 cm x 40 cm x 50 cm.
- Се придружувани од нивниот сопственик или имател.
- Сопственикот или имателот носи лична здравствена книшка – пасош на животното.
- Сопственикот или имателот на животното останува блиску до него и се грижи за избегнување повреди или вознемиреност на другите патници.
- Ги стават животните на слободни простори во возилата, надвор од премините, влезните/излезните места и местата за проверка на билетите за да не се ризикува безбедниот превоз на другите патници.
- Во случај на меѓуградска линија и редовна линија во заедницата и повремена линија, животните мора задолжително да се префрлат во патничкиот простор и во никој случај во багажниот простор (вклучувајќи го и случајот со животни во пакети).
- Поточно, службените кучиња, т.е. обучените кучиња-водичи за слепи лица и кучињата за помош при движење за лица со пречки во движењето, заедно со кучињата во текот на постапката на обука како службени кучиња се транспортираат на следниот начин:
- Без кафез и маска, ако имаат поводник, без разлика на нивната големина.
- Корисникот или дресерот, во зависност од случајот, на службеното куче мора да ги носи и да покаже, на барање од кондуктерот или персоналот специјално овластен за оваа намена, документи дефинирани со закон кои ја потврдуваат доволната обука на животното (ако е обучено или е на обука), неговото здравје и дека корисникот или дресерот на кучето поседува соодветна потврда и доказ за употреба на животното.
- Во случај на корисник или тренер кој е државјанин на ЕУ или државјанин на трета земја, но престојува во Грција во краток временски период, тогаш потребните документи, издадени од официјална агенција или служба од земјата на потекло, мора да бидат преведени на англиски јазик. Во случај на долготраен престој во Грција (т.е. заради работа, постојан престој итн.), горенаведените документи мора да бидат официјално преведени на грчки јазик од грчките органи во странство (амбасади итн.), согласно одредбите на релевантната легислатива.
- Корисникот или тренерот, во зависност од случајот, на службеното куче мора да се грижи за одржување на чистотата на возилото и непречено поминување и движење на другите патници.
Треба да се има предвид дека во случај на предизвикување штета, се применуваат општите одредби од Граѓанскиот законик за одговорностите на имателот на животното за штетата што тоа ја нанело на друго лице (чл. 924 од Граѓанскиот законик).
- кон 14: Превозникот и неговите соработници се одговорни за осигурувањето на патниците, во случај на сообраќајна незгода, во текот на целото времетраење на превозот до и вклучувајќи го и времето на качување и слегување од возилото.
10. Дополнителни услови за превоз важат во Албанија, Босна и Херцеговина, Македонија, Црна Гора и Србија
- кон 3.1: За патувања кои започнуваат или завршуваат во Албанија, Босна и Херцеговина, Македонија, Црна Гора и Србија, отпечатен билет е законски услов за превоз
- кон 12.3: Автобуските станици имаат можност да наплаќаат надоместок за услуга на станицата директно од патниците кога влегуваат во автобуската станица