Задоволни корисници
Задоволни корисници на услугите на FlixBus
Во FlixBus вложуваме огромни напори и се грижиме нашите патниците да бидат задоволни. Успешноста на нашите напори неодамна се потврди преку анкетата во која учествуваа 20.000 наши патници. Покрај големиот број позитивни коментари, успеавме и да дознаеме нешто повеќе за потребите на патниците. Постојано се трудиме да го подобриме квалитетот на корисничкото искуство, почнувајќи од постапката за резервација, па сѐ до одговорите на прашањата што може да ги имаш откако ќе ја направиш твојата резервација.
Нам ни е важна оценката од нашите патници
Само во 2015 година, 20 милиони луѓе го избраа FlixBus за своите патувања низ Европа и можеа да го искусат извонредниот квалитет на услугите што ги нудиме. Ги цениме сите коментари и позитивни оценки од нашите патници и ќе ни биде задоволство доколку наскоро се качиш во некој од нашите зелени автобуси.