На нашето Wi-Fi можеш да се поврзеш само додека патуваш со FlixBus или FlixTrain. Треба да ги отвориш поставките за Wi-Fi на твојот паметен телефон, да избереш „FlixBus Wi-Fi“ или „FlixTrain Wi-Fi“, и да ги прифатиш условите и одредбите. Откако ќе се воспостави интернет-врската, можеш да започнеш со прелистување. За да се вратиш на нашата почетна страница за Wi-Fi, оди на wifi.flixbus.com или wifi.flixtrain.com.
Вклучени сте!
Пред да користиш Wi-Fi, одвој една минута за да видиш како може да ја користиш оваа бесплатна услуга за време на патувањето.
Како да се поврзам на бесплатното Wi-Fi додека патувам?
Дали имам неограничено Wi-Fi?
За жал, немаш неограничено Wi-Fi. За да ја оптимизираме ширината на опсегот и сите што патуваат да имаат попријатно искуство, може да има ограничувања на брзината и на пристапот до некои веб-страници. Откако ќе го потрошиш интернетот што ти следува, повеќе нема да имаш пристап до интернет, или ќе ти биде намалена брзината. По патувањето, ќе ти испратиме анкета по е-пошта која може да ја пополниш за да ни помогнеш дополнително да ја подобриме услугата за Wi-Fi за време на патувањето.
Зошто има ограничувања на Wi-Fi?
Ги ограничуваме интернетот и неговата брзина за да обезбедиме попријатно искуство за сите што патуваат со нас. Ние се стремиме да им го понудиме најдоброто на сите патници, но поради постојаното движење на возилото и ограничувањата во земјите/регионите, не можеме да гарантираме брза или постојана интернет-врска. Ако интернет-врската е слаба, обиди се повторно подоцна, затоа што можеби во моментот минуваш низ место со слаба покриеност. Не заборавај да ја пополниш анкетата што ќе ти ја испратиме по завршување на патувањето за да ни помогнеш дополнително да ја подобриме услугата за Wi-Fi за време на патување.
Дали е безбедна интернет-врската?
Поврзувањето на Wi-Fi за време на патувањето е јавно; затоа, препорачуваме да се избегнува пренесување приватни или чувствителни информации додека ја користиш таа интернет-врска.
Можам ли да купам дополнителен интернет или побрзо Wi-Fi?
Моментално не нудиме дополнителни пакети интернет за продажба.
Имаш ли прашања?
Види во делот за помош или обрати се кај нашите експерти за корисничка поддршка онлајн.